Концепт

Jumping Clay

JumpingClay е полимерна глина лесна за обликување и овозможува учење на целата палета на бои, со одлична примена во образовни, забавни и терапевтски активности.

Бенефити од Jumping Clay

• Набљудување и анализа

• Учење на основни форми

• Вежбање на моторика и координација

• Концепти на симетрија, величина, простор и содржина

• Развој на вештини за решавање проблеми

 • Истражување на креативност и фантазијата преку самостојно

   размислување и негова примена во пракса

 • Зајакнување на вештините за набљудување, когнитивните вештини и

   концентрација

• Подобрување на уметничките вештини

• Зголемување на самодовербата преку         

   развивање сопствени идеи

• Поттикнување на љубопитноста, набљудувањето и самостојното

   размислување

• Подобрување на друштвените интеракциски вештини кога се работи

   во група

Jumping Clay може и да се користи во терапевтски програми за рехабилитација бидејќи може да им помогне на некои пациенти со физички и ментални пречки. Помага во стекнувањето доверба и подобрување на мускулниот развој. Овој метод на рехабилитација може да им помогне на луѓето да ги подобрат моторните вештини кога се опоравуваат од сериозно оштетување на мозокот.