Карактеристики

Jumping Clay

JumpingClay e уникатна полимерна глина со мирис на јасмин, која е составена од нетоксична материја што се раствора во вода и лесно се меша за да се добие нова боја од постоечките. Може да се користи за да се направи кој било модел, лик, слика, магнет за фрижидер, декорација, приврзок за клучеви, отпечаток од бебешки или детски ноџиња или рачиња… за разлика од секоја традиционална глина, нема потреба да се пече бидејќи производот се суши на воздух. Не прави неред, а кога од неа ќе се направи топка веселата глина потскокнува. Веселата глина е идеален материијал за работа за секој со способност за учење и тоа од најрана возраст.

Jumping Clay ги има поминато сите тестирања на храна. Докажано е дека не е штетна дури и ако деца под 3-годишна возраст ја проголтаат. Ова единствената глина што го поминала европското SGS тестирање за оваа намена.

JumpingClay има иновативен образовен концепт со бројни карактеристики што ја прават уникатна и препознатлива:

1. Мека, лесна, еластична и лесна за моделирање.

2. Откако ќе се исуши станува еластична. Токму ова го инспирираше името JumpingClay.

3. Еколошка и се раствора во вода.

4. 100% безбедна, нетоксична, без глутен и не предизвикува алергија. Содржи нано-сребрена технологија која го спречува ширењето бактерии. Антибактериските честички ги чистат детските рачиња.

5. Има природен мирис на јасмин.

6. Се суши на воздух и нема потреба од печење. Кога ќе се исуши не се појавуваат пукнатини.

7. Лесна е и удобна за работа. Не се лепи на површините и на рацете и воопшто не прави неред.

8. Ја има во 9 бои кои кога ќе се измешаат една со друга се добиваат многу повеќе.