Концепт
Jumping Clay

JumpingClay е направена од поливинил алкохол кој не е штетен за јадење – полесна, лесно се обликува и овозможува учење на целата палета на бои, со одлична примена во образовни, забавни и терапевтски активности.
- Набљудување и анализа
- Поедностави и дизајнирај основни форми
- Вежбај ги физичките умешности и моторичката координација
- Дознај ги различните мешавини на бои и научи ги пропорциите
- Концепти на симетрија, величина, простор и содржина
- Развој на вештини за решавање проблеми
- Истражување на креативност и фантазијата преку самостојно размислување и негова примена во пракса
- Опуштање со мек материјал што создава подобра емотивна состојба
- Зајакнување на вештините за набљудување, когнитивните вештини и концетрацијата
- Подобрување на уметничките вештини
- Зголемување на самодовербата преку развивање сопствени идеи
- Поттикнување на љубопитноста, набљудувањето и самостојното размислување
- Подобрување на друштвените интеракциски вештини кога се работи во група
Jumping Clay може и да се користи во терапевтски програми за рехабилитација бидејќи може да им помогне на некои пациенти со физички и ментални пречки. Помага во стекнувањето доверба и подобрување на мускулниот развој. Овој метод на рехабилитација може да им помогне на луѓето да ги подобрат моторните вештини кога се опоравуваат од сериозно оштетување на мозокот.
