За Компанијата
Дознајте повеќе
Jumping Clay потекнува од Јужна Кореја. Највеселата глина на светот е создадена по 25 години темелно истражување и развивање по што основачите дошле до токму оваа полимерна смеса за моделирање која е уникатна и иновативна. Главната замисла е да се едуцира низ уметност и забава.
Компанијата е основана во 1998 година. Тогаш на пазарот била претставена оваа препознатлива глина која има бројни квалитети и предности кои се незамисливи за другите слични производи. Успехот се должи на едукативната програма која оди заедно со производот, покажувајќи и ја на јавноста супериорната разностраност на производот.
Jumping Clay на почетокот не размислувале за франшизи, но морале да го направат тоа за да можат да го споделат својот успех – прво во најблиските земји, а потоа и ширум светот. Во 2003 година откако го зацврстија својот успех на азискиот пазар, брендот лансира франшизи во Тајланд од каде имало повеќемина заинтересирани да го почнат овој бизнис. Во 2008 брендот е претставен и во Канада, а во 2009 година и во Европа (Ирска, Русија, Шпанија и Португалија). Денес мрежата се проширува низ САД, Јужна Америка, Африка и ОАЕ. Главните канцеларии се оние во Кореја, Шпанија и Србија каде има и повеќе фабрики кои постојано се прошируваат низ светот. Во моментов ширум светот Jumping Clay има 850 франшизи и места за малопродажба, повеќе од 6.000 обучени инструктори, а брендот е присутен во 45 земји. Поврзано со брендот Jumping Clay постои и мрежа на франшизи која е дистрибутер на производите и амбасадор на брендот, нуди професионални услуги за забава преку работилници кои се фокусираат на педагошки, забавни и терапевтски активности.
JumpingClay групацијата својот бизнис го разбира како филозофија за професионална едукација. Иако имаат едукативната вредност, сепак останатите материјали за 3Д моделирање се релативно ограничени и го отежнуваат работењето – тешко се моделираат и прават неред кој потоа треба да се исчисти. JumpingClay ги решава токму овие потешкотии на уникатен начин – глината е неверојатно лесна, нетоксична и најбезбедна на светот, практична е за употреба, нуди разновидност на бои, чиста е и не прави неред кога се работи со неа.
Веселата глина се здобива со одобрување ширум светскиот пазар за едукација и уметност благодарение на тоа што нејзините квалитети се брзо препознаени на светско ниво. Поради својот широк спектар на производи, Jumping Clay е признаена и како играчка од таканаречената „хоби индустрија“. Главното мото на уметничкиот институт кој е дел од брендот е „УЧЕЊЕ ПРЕКУ ИГРА“ и се однесува на деца, семејства и цели заедници.