Прибор за моделирање

Направете глатки и рамни површини, моделирајте познати облици со помош на нашата модлица и разновидните алатки, кои се прилагодени за најмладите или оние малку постари и обликувајте се што ќе посакате.

Овде е и едноставниот JumpingClay Пинокио, 5 во 1 алатка и обликувајте ги омилените јунаци од детството. Добивате алат за режење, округол, рамен, остар и запчест алат, со кој безгрижно можат да работат и децата.

Со помош на додатниот материјал сите креации можете да ги претворите во магнети за фрижидер, беџови, приврзок за мобилен телефон или клучеви... Што чекате?

Пробудете ја својата креативност и развеселете ја околината со сопствената колекција украси и модни додатоци!

Погледнете ја нашата понуда, а за повеќе дополнителни материјали слободно контактирајте не на нашата емаил адреса: info@jumpingclay.mk

 

PVC сад

Сад за чување на JumpingClay глината.

PVC сад и додатни материјали

Дополнителните материјали ќе Ви овозможат своите JumpingClay креации да ги претворите во едноставни модни додатоци и украси.

Метален ваљак

Алат со кој лесно ќе ги обликувате несаканите набори и нерамнини и ќе ги претворите во совршено глатки и рамни површини. За оптимални резултати, без лепење на глината, ваљакот чувајте го на собна температура и одржувајте го чист.

Модли (4 парчиња)

Облици за моделирање на пеперутки, цвеќиња, риби и автомобили.

Основен алат

Сет од поиздржливи алатки за вистинските вљубеници во моделирањето со глина. Идеален е за работа со помали облици и модели. Претворете се во мајстор кој секој детал ќе го доведе до совршенство.

Пинокио

Единствениот 5 во 1 алат во облик на омилениот детски јунак.