Направи сам

JumpingClay "Направи сам" сетовите овозможуваат обликување на фигурите на најлесен можен начин. Во секој сет се наоѓаат упатства за обликување, како и алатки и додатни материјали со помош на кои ќе ја обликувате својата фигура. Со следење на упатствата за обликување, се зголемува концентрацијата кај дететео. Сетовите ќе им дадат на децата посебно чувство и ќе им ја зголемат самодовербата кога сами ќе ја направат својата весела фигура. Соберете ги сите!


Диносауруси

Направете си сопствен диносаурус од неверојатно лесната глина која отскокнува и лесно се обликува. Не се рони, ниту се лепи за рацете, чиста е, мека и e совршен материјал за 3D обликување.

Диметродон

Уживајте во изработката на диметродонот, џиновскиот гуштер кој живеел пред стотина милион години. Со својата раскошна грива долж грбот, ќе Ве потсети на денешната игуана.

Брахиосаурус

Знаете ли дека овој диносаурус е едно од најголемите животни кои некогаш оделе по Земјата? Изработете весела мини верзија на овој убавец, чија тежина достигала и до 30 тона.

Стегосаурус

Препознатлив по својата опашка со остри боцки, овој диносаурус можел да ја менува бојата на своето тело за да ги плаши предаторите. Забавувајте се креирајќи ги безопасните боцки со своите раце!

Тираносаурус T-Rex

Еден од најпознатите диносауруси си доби и своја филмска адаптација. Познатиот предатор имал повеќе од 60 заби, а секој бил долг околу 23 цм.

Моите миленици

Направете сопствен миленик од неверојатно лесната глина која отскокнува и лесно се обликува. Не се рони, ниту лепи за рацете, чиста е, мека и е совршен материјал за 3D обликување.

Бигл

Омилените куќни миленичиња и верни пријатели на луѓето отсега можат да внесат среќа во сечиј дом. Направете своја верзија од овој неодолив тробоен пес.

Малтезер

Честопати слушаме предупредувања дека кучињата не се играчка за децата. Но овој пес може да биде баш тоа, без никакви последици - неодолива играчка која што ќе ги развесели сите деца, а и оние малку постари.

Пудлица

Еден од најстарите и најинтелигентни песови. Доколку ја одберете оваа пудлица, ќе откриете колку е едноставно да го направите нејзиното препознатливо кдраво крзно.

Шнауцер

Специфичната брада во комбинација со мустаќите на овој пресладок пес му дава доем на сериозност. И покрај тоа, забавата со него не заостанува! На Вас е само да му одберете име.

Савана

Napravite svoju vlastitu životinju iz savane od nevjerojatno lake gline koja odskače i lako se oblikuje. Ne mrvi se niti lijepi za ruke – čista je, mekana i savršen materijal za 3D oblikovanje. Направете си сопствено животно од саваната од неверојатно лесната глина која отскокнува и лесно се обликува. Не се рони, ниту лепи за рацете, чиста е, мека и е совршен материјал за 3D обликување.

Жирафа

Со долгите нозе, уште подолгиот врат и карактеристичната шара, жирафата е симбол на африканската савана. Највисокото животно на Земјата сега може да го краси и Вашиот дом.

Зебра

Знаете ли дека секоја зебра има единствена шара? Нека и Вашата верзија на овие атрактивни животни со бело крзно и црни шари биде оригинална!

Носорог

Голем и силен, носорозите се всушност многу плашливи животни. Препознатливи се по својот рог на носот, кој со помош на нашата глина ќе го изработите со леснотија.

Гепард

Се прашувате колку време Ви треба да го направите најбрзото копнено животно на светот? Помалку отколку мислите! Но не е ни битно, бидејќи ќе уживате во секоја секунда!

Слон

Најголемиот копнен цицач на светот е тревопасно животно кое јаде и до 16 часа дневно, а во својата сурла може да собере и до 14 литри вода. Па кој не би посакал да го направи!

Лав

Отсекогаш сте сакале да имате дива мачка? Нека овој крал на џунглата, со раскошна грива и неодоливи шепи, стане крал на Вашиот дом. Мијау!

Пекара

Овие производи не се наменети за конзумација и препорачливи се за деца постари од 5 години. Не мора да се грижите, JumpingClay глината е потполно безопасна по здравјето, дури и ако детето ја проголта.

Слатки

Кој вели дека Ви треба печка за да припремите примамливи слатки? Со овој JumpingClay сет ќе уживаат сите љубители на вкусните слатки.

Чоколада

Па кој може да одолее на чоколадата?! Рецепт, состојки и прибор за изработка на 6 неодоливи чоколадни слатки чекаат на Вас во слаткиот сет.

Ужинки

Дали сте за не што солено? Сендвич, пица или тортиља? Направете ги сите три, бидејќи ужинките од JumpingClay глината можат долго да стојат и да останат неодоливи како првиот ден.

Сладолед

Постои ли некој кој не сака сладолед? Се сомневаме. Одберете го овој сладок пакет кој содржи се што Ви треба за припремата на овие два неодоливи корнети.

Колачиња

А шеќерот доаѓа на крај! Уживајте во припремата на овие неодоливи десерти и гордо изложете ги на Вашата маса. Верувајте дека Вашите гости ќе се воодушевени.

Останато

Авион

Дека само небото е граница, докажува и овој сет за изработка на авион. Секој може да стане пилот и на крилата на фантазијата да полета во правец на своите соништа.

Автомобил

Детската љубов кон автомобилите е поголема. Овозможете им незаборавни моменти во кои сами ќе си го направат својот прв автомобил и со километри ќе уживаат во забавното возење.

Глина за отпечатоци

Сакате ли траен спомен за своите најмили? Направете отпечаток од рачето или стапалото на своето дете или пак отпечаток од шепата на Вашиот миленик. Бесценето!

Сет за украсување

Направете си свој сопствен накит! Со помош на деталните упатства и содржината на овој сет, лесно ќе направите огрлица, привезок или шнола. Развеселете се себеси или своите блиски!

Принцеза

Кое девојче не сака да биде принцеза? Овој сет содржи се што и треба на Вашата принцеза создавајќи ја својата тијар, прстен, украс за коса, чешел, огледалце...