Фарма

Направете свои домашни животни од Jumping Clay веселата глина од чии живописни бои Вашите животни ќе бидат повесели и шарени од било кои други.

Зајаче

Долги уши и секогаш со морков под рака. зајачето е симбол на нежно и плашливо животно. Милното животно сега може да го краси и Вашиот дом.

Кравичка

Омиленото животно на секоај фарма, сега може да ја имате и во Вашиот дом. Направете своја верзија од овој симпатичен производител на млеко. Муууууу!

Магаренце

Магарето е вредно и работливо животно. А, ако е направено од глина, ќе биде уште и весело и шарено.

Јаренце

Козичките помеѓу себе комуницираат со блеење. Направете си сами своја козичка и забавата Ви е загарантирана!

Прасенце

Кој вели дека прасето мора да живее во калта? Направете го Вашето прасенце кое ќе живее во удобноста на Вашиот дом.

Овцичка

Овцата е животно познато по својата мека, бела волна, која лесно се оформува со нашата еластична глина.