Производи

Исто како и фантазијата, нема граници за Jumping Clay кога креативноста е во игра. Наменета е за сите возрасти, па секој со малку фантазија може да ги обликува своите замисли и притоа да се забавува изработувајќи фигури и украси. Веселата глина е достапна во 9 основни бои (црвена, зелена, бела, црна, жолта, виолетова, сина, портокалова и кафена) во пакувања од 5, 10, 18, 50 грама. Со мешање на овие бои можете да добиете која било друга боја од спектарот.

Направи сам

JumpingClay “Направи сам” сетовите овозможуваат обликување на фигури на најлесен можен начин. Во секој сет се наоѓа прирачник за обликување, како и алатки и додатни материјали со чија помош ќе ја обликувате својата фигура. Децата ќе стекнат чувство дека постигнале многу, кога од деловите од сетот сами ќе ја направат својата весела фигура.

Креативни сетови

Сите овие сетови се состојат од богата палета на JumpingClay бои кои се поизразени во однос на другите глини за обликување. Со мешање на основните бои од JumpingClay глината може да се добие било која боја од спектарот.

 

Учиме низ игра

Глина за моделирање