Изјава за заштита и собирање на лични податоци и нивно користење

Продавачот се обврзува да ги штити личните податоци на Потрошувачот во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со што се обврзува дека личните податоци на ниту еден начин нема да му ги отстапи на трето лице без согласност на Потрошувачот (освен податоците кои се неопходни за трговските партнери за извршување на доставата на купените производи). Исклучок претставуваат случаите при кои Продавачот по валиден налог на надлежниот државен орган, во согласност со законот, должен е да достави или отстапи увид во личните податоци на Потрошувачите.


Продавачот ги обезбедува личните податоци за Купувачот само во онаа мера која е потреба за исполнување на обврските, за информирање за нови и акциски производи за достава на промотивни материјали, подобрување на односот со купувачите и за проверка на други податоци неопходни за онлајн продажба.


Потрошувачот има право да побара дополнување, исправка или измена на неточни лични податоци. Продавачот редовно му дава на Потрошувачот можност за избор во врска со употребаа на неговите податоци, вклучувајќи ја можноста за одлука, дали сака или не, неговото име да биде вклучено во листата која се користи за маркетиншки цели.