Уписи во тек

УПИСИ за деца од предшколска и школска возраст во u 3D креативна работилница за моделирање со весела глина!

Ги покануваме сите креативци, весели и разиграни глави, кои сакаат да УЧАТ НИЗ ИГРА, да ни се приклучат, бидејќи JumpingClay Македонија врши уписи за 3D креативни работилници за моделирање со весела глина!

Под мотото »САМО ФАНТАЗИЈАТА Е ГРАНИЦА« децата ја развиваат фината моторика, способноста за математичко размислување преку 3D изразување, а JumpingClay глината се суши во допир со воздухот и за само неколку минути станува траен спомен или персонализирана играчка.

Потполно е безопасна и без никакви алергени (не содржи глутен), па така конечно е достапна за голем број на деца кои досега немале можност да си играат со слични производи.

Работилниците се одржуваат во склоп на Jumping Clay работилница и кафе која се наоѓа во ТЦ Глобал, втор спрат во Струмица.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате на телефонскиот број 077 982 803 и на емаил:

info@jumpingclay.mk.

Следете не и на Facebook и Instagram профилите: JumpingClay Makedonija.