Со огромно задоволство Ве известуваме дека започна со работа новата работилница во Скопје!

Новата работилница, со најдобрата глина на светот, Jumping Clay, може да ја најдете на улица Багдатска 15, во населба Карпош. Тука со помош на високо обучени инструктори, во топла атмосфера, ќе моѓете да ги креирате Вашите фантазии.

Со преку 500 академии низ светот, во преку 43 земји, Jumping Clay брзо постанува лидер во едукацијата со деца. Уникатни производи и едукативни програми, овозможуваат унапредување на знаењата со прогресивен ритам. Иако во најголем дел е насочена кон деца 4 до 14 години, сепак е одлична можност за уметници, маркетинг агенции, како антистрес алатка и во многу други опции за возрасни.